Заев вети економски перформанси што ќе ги почувствуваат граѓаните
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека 2018-та ќе биде добра година, и додаде дека не е време за избори, туку за работа.
По состанокот со министерот за финансии Драган Тевдовски, премиерот порача дека 2018-та ќе биде година на економски прогрес и инвестиции, со очекување за отворање многу работни места и зголемување на БДП, што како резултат ќе го почувствуваат граѓаните.
„Убеден сум дека 2018-та година ќе биде кулминација на завршување на политичката криза со економски перформанси што ќе ги почувствуваат граѓаните“ - рече Заев.
Премиерот им порача на бизнисмените дека Владата ќе биде насочена кон сè што може да се поддржи и дека годинава согласно стабилно парламентарно мнозинство ќе се имплементираат важни стратегиски планови.
