Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Веста за Фрчкоски е шпекулација

Заев: Веста за Фрчкоски е шпекулација

Премиеорт Зоран Заев веста дека професорот Љубомир Фрчкоски е одбиен од САД како македонски амбасадор во Вашингтон ја оцени како шпекулација во јавноста.

-  Јас морам да ви потврдам дека ниту Владата ниту друга институција не коментира амбасадори додека не завршат постапките. Тоа сме го правеле дури и за конзули, а не пај за амбасадори. За еден амбасадор прво се носат одлуки на Влади, па се добива агреман од претседателот, па агреман од земја-домаќин, рече Заев.

Инаку денеска медиуми блиски до Фрчкоски веќе објавија дека Мето Колоски, претседателот на Обединетата македонска дијаспора, издејствувал со дискредитација на поранешниот министер за внатрешни работи тој да биде одбиен од Вашингтон.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа рече никогаш не потврдиле дека Фрчковски е назначен. Прашањето следуваше откако беше објавено дека САД не прифачаат Фрчкоски да е тамошен амбасадор.


Слично

Поврзани вести