Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев верува дека до 5 јуни екстерното ќе го укинат

Заев верува дека до 5 јуни екстерното ќе го укинат

Мандатарот Зоран Заев денеска изјави дека една од најважните мерки на новата Влада ќе биде укинување на екстерното тестирање и тоа веднаш по формирањето.

Тој рече дека оваа мерка треба да се укине пред 5 ти јуни,з а уште годинава да нема екстерно тестирање. 

„Седницата е закажана за утре, а рокот да се избере Влада е 48 часа и тоа значи дека до среда вечер треба да завршиме со изборот на Влада и тоа се максималните рокови. Веднаш по ова ќе се зафатиме со укинување на екстерното тестирање. Се надевам дека тоа ќе биде навремено завршено за да се испрати порака кон децата, но пред се и кон нивните родители и наставниците дека оваа мерка која е ветување на новата Влада ќе биде спроведена и ќе се воведат нови механизми на квалитетот на образованието. Би било нецелисходно тоа да се случи по 10 јуни оти тестирањето ќе биде завршено. Редно е мерката да се спроведе пред одржување на екстерното тестирање до 5 ти јуни. Верувам дека ќе се стигне“ - изјави Заев. 

Ако во среда се избере Влада, веќе во четврток ќе се разговара за законите кои се доставени до Собранието и тие да бидам изгласани, додаде мандатарот. 

Слично

Поврзани вести