Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Верушевски е разочаран од злоупотребувањето на СЈО

Заев: Верушевски е разочаран од злоупотребувањето на СЈО

Зоран Верушевски, советникот за национална безбедност во кабинетот на шефот на Владата и претседател на комисијата за внатрешни работи во СДСМ, бил разочаран од тоа на каков начин се користеле прислушкуваните материјали и како „се тргувало“ со истите во меѓувреме, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Заев додаде дека е во постојан контакт со поранешниот разузнавач по фамозното сведочење дека вомвите се „модифицирани“ и рече дека ниту еден од обвинетите во случаите не ги оспорувал ниту материјалите ниту нивната автентичност која ја потврдува и форензиката.

– Тој е мојот советник за национална безбедност, кога и вие прочитавте за неговиот исказ прочитав и јас, јас сум во комуникација со сите мои советници, така и со господинот Верушевски и затоа реков дека на второто рочиште веројатно со очекуваните прашање ќе бидат појасни неговите ставови по однос на некои прашања. Мене ми е јасно, тој мене ми објасни, јас сум дел од тој период на случувањата на работите. Секако точно е дека материјалите се предадени на господинот Верушевски, како што велат Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие правно формално се предадени на СДСМ, а ги прима Зоран Верушевски. Но истовремено, разочараноста од тоа што некој го злоупотребувал СЈО во делот на случајот „Рекет“, се појавил Ел Чека, се појавило не знам што, го укажува делот на модифицираноста или компромитираноста на самите материјали – изјави Заев, давајќи одговор на денешната прес-конференција.

Во овој момент се работи за исказ на Верушевски што уште не е довршен, Минатиот пат беше испрашуван само од обвинителството, а допрва следува негово испрашување вкрстено од страна на одбраната, а постои можност и судот да побара толкување, односно појаснување за тоа што мислел. 

Следното рочиште кога адвокатите на обвинетите, меѓу кои и тие на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ќе го испрашуваат Верушевски е закажано за 10 октомври

Слично

Поврзани вести