Заев вели има неколку опции за Законот за јазици - кои се тие?
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека има неколку опции кои се разгледуваат поради непотпишувањето на указот за Законот за употреба на јазиците од претседателот Ѓорѓе Иванов.
„Можеме да бидеме две спротивставени страни можеме да бидеме политички различни, но не смее ниту една институција во Македонија да биде блокирана. Од тој аспект ова е извесно решение, пред Уставниот суд да се разграничат надлежностите и да се дадат насоки за разрешување“- кажа Заев.
Правниците кои работат во Владата и во Собранието работат и на други механизми за решавање на проблемот, објасни премиерот.
Заев вели дека целта на Владата е конечно Парламентот да ги знае своите надлежности, како и претседателот.
Слично
