Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев вели дека уште не се разговара за нови имиња со Грција

Заев вели дека уште не се разговара за нови имиња со Грција

Премиерот  Зоран Заев денеска во Приштина изјави дека не стигнале до таму да разговараат за нови имиња со Грција. 

„Веруваме дека она за што ќе се разговара овие денови е потврда на желбата на двете страни за суштински да навлезат во решавање на проблемот којшто Грција го има со нашето уставно име“- изјави Заев. 

Заев изрази надеж дека под посредништво на медијаторот Метју Нимиц ќе биде потврдена заедничката желба на Македонија и Грција за наоѓање на решение.

Тој се надева дека состанокот ќе заврши во позитивна атмосфера. 

Грчката телевизија „Стар“, објави дека се преговара за името „Нова Македонија“, а Заев рече дека веројатно се работи за предлог на медиумите.

Слично

Поврзани вести