Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев вели дека не сакаат нов карантин

Заев вели дека не сакаат нов карантин

Нема да има карантин како мерка против ширењето на коронавирусот, изјави премиерот Зоран Заев вечерва во „Само вистина“ на Канал 5. 

Со намалување на тепературите, вели дека се зголемува и опасноста од зголемување на бројот на заболени и токму затоа е многу важно сите безусловно да ги почитуваат мерките.

„Ако прашате дали ќе затвараме, дали ќе има карантини. Не. Зошто? Да ја ништиме економијата, да го ништиме социјалниот живот на граѓаните? Не. Ама Комисијата која што е императив над сите ги каже сите издржливи аргументии тоа се случи, ние што да правиме, не сакаме, ниту Комисијата сака, ниту некои очекуваат дека има потреба од тоа, но важно е да ги почитуваме тие мерки, посебно затоа што залади времето, паѓаат температурите, дефинитивно ќе растат и бројките“, рече Заев.

Премиерот кажа дека инспекциите казнуваат, затвораат, се поднесуваат кривични пријави, но не можат да ја најдат секоја домашна прослава.

Слично

Поврзани вести