Заев вели дека Македонија нема да се откаже од барањето за екстрадиција на Исмаиловиќ
За одбивањето на Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“, премиерот Зоран Заев изјави дека државата нема да се откаже. Вели дека ќе бараат да се спроведе меѓународното право и билатералните договори кои двете земји ги имаат постигнато.
„Ако бараат дополнителни документи, дополнителни докази ќе им доставиме. Гарантиме правично судење, сепак се работи за наш граѓанин овде кој е на почеток на постапката со негово присуство би се водела. Очекувам двете наши исклучително пријателски земји да тоа го потврдуваат на секое поле, дури и на вака сензитивни полиња. Ние сме секогаш на располагање. Верувам дека и Република Косово ќе биде на располагање и ќе го испочитува меѓународното право и билатералните договори кои што ги имаме постигнато“, рече Заев.
Основниот суд во Приштина минатиот месец го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“.
Во меѓувреме, скопскиот Кривичен суд на 23 февруари оваа година го осуди Алил Демири на доживотен затвор, како и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Останатите двајца обвинети,
