Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев вели дека коалицирале со БЕСА поради програмата

Заев вели дека коалицирале со БЕСА поради програмата

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Велес изјави дека за да бидат во коалиција со БЕСА пресудна била програмата, но и заедничката тенденција да го збогатуваат концептот едно општество за сите. 

„Првпат историски поставивме мултиетничка коалиција за изборите.Сега се учесници партии ,репрезенти на сите етнички заедници буквално на сите, никој тоа досега не го направи во државата. Преговаравме и договаравме, ја усогласивме програмата и денeска имаме заедничка програма којашто се вика „Можеме“ и зад која стоиме сите и имаме еден чесен пристап кон граѓаните уште пред изборите, а не после изборите да се прават коалиции меѓу македонски, албански, турски, влашки, бошњачки и сите други партии. Затоа верувам дека граѓаните сето тоа посебно ќе го почитуваат“, нагласи Заев.

Тој очекува на изборите на да освојат доволно пратенички мандати за парламентарно мнозинство и за формирање влада, но не исклучува разговори и со други кои ќе добијат доверба од граѓаните.

Слично

Поврзани вести