Заев вели дека до јуни можно е да се најде решение со Бугарија
Можно е решение со Бугарија до јуни и меѓувладина конференција годинава, изјави синоќа во интервју за Канал 5, премиерот Зоран Заев.
Вели дека македонските јазик и идентитет не може да бидат на маса. Историјата, вели, не може и не смее да биде пречка. Заев додаде дека делот на историјата може да се разработи на елегантен начин, со тоа што ќе се покаже дека во еден период навистина сме имале заедничка историја помеѓу двата народи и држави.
„Ние треба да го решиме проблемот со Бугарија. Европа е тука, стратешките партнери САД се тука секогаш да ни дадат совет, да помогнат. Договорот со Бугарија го постигнавме билатерално. Договорот со Грција го постигнавме билатерално“, рече Заев.
Изјави дека разговорите меѓу двете земји ќе продолжат по завршувањето на изборите во Бугарија во недела.
Во меѓувреме, провокациите од Бугарија не запираат.
Многу бугарски политичари кажаа дека по изборите во Бугарија нема да се смени ништо во однос на Македонија.
