ЗАЕВ ВЕЌЕ ОДЛУЧИЛ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА: Kога ќе ги знаеме имињата?
Во недела попладне премиерот Зоран Заев до Собранието ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата. Тогаш, како што рече, ќе ги соопшти деталите околу имињата и ресорите.
„Нашата земја денеска, утре и во недела претпладне е домаќин на Конституенцата на повеќе од 15 министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд. Сакаме да се покажеме во најдобро светло и тоа е главната причина. Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата“, изјави Заев.
Но, се работи и на вториот бран со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
Заев вели дека ќе имаат решенија со кои ќе им служат на граѓаните.
