Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ

Заев: Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ

Македонскиот премиер, Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил ја честиташе победата на Вардар во Ф4 против Веспрем и новата европска титула.

Тие се искачија на врвот на Европа победувајќи со 27-24.

„Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје!“, напиша премиерот на својот профил.

Вардар го совлада Веспрем во финалето и стигна до титула од Лигата на шампионите. Црвено-црните му се радуваат на нов голем успех во Келн. Шампионот на Македонија е повторно на врвот на Европа, вечерва во финалето со 27-24 го совлада Веспрем.


Слично

Поврзани вести