Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Уставни измени без одложување, Столтенберг: Ве чекаме во НАТО

Заев: Уставни измени без одложување, Столтенберг: Ве чекаме во НАТО

Македонскиот премиер Зоран Заев на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Клубот на пратеници пред македонската јавност најави дека нема да помине подолго време од завршувањето на референдумот на 30 септември до уставните измени, за кои се потребни двотретинско мнозинство во Собранието.

- Уставни измени без одложување, процесот мора да заврши навреме за да го зеземе заслуженото место во НАТO алијансата. Ние ќе контактираме постојано со канцеларијата на НАТО во Скопје и ќе одиме чекор по чекор - истакна Заев.

Столтенберг рече дека од македонскиот народ зависи дали Македонија ќе стане 30-та членка во евро-атлантскиот сојуз.

- Сите наши членки ќе ја ратификуваат одлуката за прием на земјата во НАТО. Ве охрабрувам да продолжите на патот кон НАТО, тоа ќе ве направи посилни покрај нас. Вратата на НАТО е отворена, но само ако луѓето од оваа земја решат да влезат - рече Столтенберг.

Слично

Поврзани вести