Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Успеваме за само 10 месеци да направиме голем исчекор

Заев: Успеваме за само 10 месеци да направиме голем исчекор

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека таа е голем пријател на Македонија и на нашите граѓани. 

Заев вели дека ги поддржале демократските процеси во земјава и ги упатиле кон реформски процес. 

„Успеваме за само 10 месеци да направиме голем исчекор во интеграциите. Ја препознавте позитивната енергија и има позитивна промена во политичкиот менталитет“ - вели Заев. 

Тој наведе какви се реформи и во кои сектори направила Македонија. 

Заев рече дека сме на пат да го затвориме и прашањето за името со Грција. 

Слично

Поврзани вести