Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Успешен старт на пописот

Заев: Успешен старт на пописот

Премиерот Зоран Заев првиот ден од пописот го оцени како успешен и за тоа денеска им честиташе на попишувачите, како и на сите граѓани кои ги дале потребните податоци.

Вчера се попишаа 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови.

- Успешен старт, иако беше недела и беше прв ден. Им честитам на сите тграѓани Видовме дека и за време на пандемија тоа е возможно да се спроведе со сите механизми и алатки што тоа го овозможуваат.

Сакам да се заблагодарам на сите, пред се на Државниот завод за статистика и Министерството за правда, но и на сите попишувачи кои се јавија. Пописот ќе понуди уште поуспешни политики за раст и развој на нашата земја, истакна премиерот на денешниот настан во АД Пошта по повод јубилејната поштенска маркичка за 30 години од независноста.



Слично

Поврзани вести