Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев уште не ги испратил поканите за утрешната средба, Алијанса и Алтернатива подготвени за компромис

Заев уште не ги испратил поканите за утрешната средба, Алијанса и Алтернатива подготвени за компромис

Премиерот Зоран Заев вчера по лидерскиот состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека утре во 10 часот ќе има средба со претставници на Алијанса на Албанците и на Алтернатива, на која ќе се разговара за законот за државјанство, но и за сите останати прашања. 

Иако средбата е на барања на Алијанса и Алтернатива, од таму велат дека се уште не добиле покана од претседателот на СДСМ, но дека се подготвени да направат компромис за фамозните “три сведоци“ со кои бараат да се добива државјанство во иднина.

- До овој до овој момент немаме покана. Ако во текот на денот добиеме покана подготвени сме да седнеме, да разговараме. Има малку забелешки на тој закон, трите сведоци. Подготвени сме на компромис. Можеме брзо да го решиме тој проблем, рече денеска Африм Гаши, претседателот на Алтернатива.

Инаку Димитар Апасиев очекува неговата партија „Левица“ прво да добие покана од премиерот Зоран Заев за утре да присуствува на средбата со Алијанса за Албанците и Алтернатива, на која ќе присуствуваат и другите политички субјекти како и министрите за внатрешни работи и за правда - Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ.

На истата средба треба да се разговара за измените за Законот за државјанства кои ги бара коалицијата Алијанса/Алтернатива а со ел тие да ги повлечат своите стотици поднесени амандмани на важни закони во Собранието.

- Премиерот вчера само срамежливо рече дека може и ние да дојдеме, но се уште не сме добиле покана, вели Апасиев, кој додаде дека не го поддржува актуелниот законски предлог на Алијанса и Алтернатива, нарекувајќи го „гломазен“.

Професорот очекува предлогот на Владата за овој закон да биде поприфатлив, иако вели дека и актуелното законско решение не е лошо.

Слично

Поврзани вести