Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Уште еднаш ја повикувам опозицијата да го поддржи референдумот

Заев: Уште еднаш ја повикувам опозицијата да го поддржи референдумот

Премиерот Зоран Заев очекува поддршка од пратениците од владеачкото мнозинство во Собранието за отпочнување на иницијативата за референдумот. Од кумановско Черкези, премиерот потврди дека референдумот ќе се одржи на 30 септември и ја повика опозицијата да застане зад истиот пред денешната собраниска седница за распишување.

Тој ја повика опозицијата да се вклучи и да ги повика граѓаните да излезат на референдумот.

– Знам дека прашањето е тоа кое што го објавивме – Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Р.Македонија и Р.Грција, знам дека референдумот ќе биде консултативен и уште еднаш само ја користам приликата опозицијата навистина да се вклучи и да повика на гласање за да можат граѓаните да излезат масовно и да го кажат својот глас, изјави Заев.

Премиерот Заев нагласи дека ова е историска одлука што ја дефинира иднината на државата.

– Тоа што јас го знам е дека процедурите се отпочнати во Собранието.  Оттаму веројатно денеска ќе има информации. Она што јас сум информиран во консултација со пратеничката група на СДСМ, ДУИ и сите други пратенички групи и пратеници од мнозинството, огромно е мнозинството на пратеници кои со свој потпис стојат зад отпочнување на иницијативата за распишување на референдумот, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање.




Слично

Поврзани вести