Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ УПАТИ ПОРАКА ДО АНТИВАКСЕРИТЕ: Правото на протест е загарантирано, но исто така е уставно загарантирано и јавното здравје

ЗАЕВ УПАТИ ПОРАКА ДО АНТИВАКСЕРИТЕ: Правото на протест е загарантирано, но исто така е уставно загарантирано и јавното здравје

Владата денеска официјално го означи стартот на кампањата „Вакцинирај се“, чија цел е пред се масовна вакцинација против копрона вирусот, а на прес-конференцијата премиерот Зоран Заев упати порака до антиваксерите:

-Правото на протест е уставнно загарантирано, но исто така уставот го гарантира и колективното, јавното здравје. Во регионите каде што имаме поголем опфат на вакцинација, бројот на заразените со корона вирусот е помал, за разлика од градовите каде што процентот на вакцинирани граѓани е помал, таму има многу поголем број заразени. Пред нас е период во кој ситуацијата со корона вирусот може да биде критична, а масовната имунизација е во суштината на новите мерки. Ја лансираме кампањата за да ги видиме насмевките на граѓаните без маски и да ги почувствуваме топлите прегратки кои на сите ни недостасуваат. Обврска на дравата е да го штити јавното здравје. Секој глас за вакцина е спас за живот, рече премиерот Заев.

Истовремено, Заев нагласи дека единствено со масовна вакцинација може да се стави под контрола новиот бран, подвлекувајќи дека кампањата „Вакцинирај се“ има за цел да се вратат артистите на сцените, гараѓаните во спортските арени каде безгрижно же можат да ги следат спортските натпревари, како и учениците во школите. Посебно напомена дека вакцините се безбедни и ефикасни и дека најголем број од смртните случаи и хоспитализациите се меѓу невакцинираните.

А.Б.

Слично

Поврзани вести