Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Уапсениот дипломат бил активен во времето на Милошоски и Попоски

Заев: Уапсениот дипломат бил активен во времето на Милошоски и Попоски

Премиерот Зоран Заев денеска во Сарај, коментирајќи го апсењето на македонскиот дипломат во Србија со издадена меѓународна потерница од Ерменија уште во февруари 2020, рече дека истиот бил активен во времето на поранешните министри за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ - Антонијо Милошоски и Никола Попоски.

„Се работи за наш граѓанин и стоиме зад него се додека не се достават материјали дека е вмешан во кривично дело. Овој човек бил доста активен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, назначен во ОБСЕ по различни линии, уште во времето на Милошоски и Попоски“, изјави Заев на новинарско прашање.

Тој додаде дека во земјата нема да биде прогласен за виновен додека тоа не се докаже, иако преку меѓународна потерница се бара затоа што преку дипломатски канали му помогнал на братот на поранешниот ерменски претседател да побегне од Ереван во Виена додека бил гонет за проневера на висока сума на пари.

„Но штом  има меѓународна потерница како правен акт, наше е прво да го видиме предметот и доказите. Да видиме кои закони ги прекршил во таа земја. Да оставиме прво да видиме за што се работи. Тоа е земја што не е толку позната за нас. Штом ќе стигнат сите детали со податоците од истрагата,м веројатно ќе бидат објавени во јавност“, 


Слично

Поврзани вести