Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ТВРДИ: Со вакво ВМРО-ДПМНЕ преговорите би траеле 60 години

ЗАЕВ ТВРДИ: Со вакво ВМРО-ДПМНЕ преговорите би траеле 60 години

Со вакво ВМРО-ДПМНЕ преговорите би траеле 60 години, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев. 

Тој тврди дека се подготвени за ЕУ. 

„Денес сме извесна 30 земја членка на НАТО. Тоа носи и повеќе пари за граѓаните, а придобивките од членствто во НАТО не завршуваат. Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. На ред е ЕУ да ја исправи грешката и да започне преговори за членство. Потребно е да овозможиме континуитет на паметните и храбрите одлуки“, рече Заев.

При тоа Заев вели дека неговата партија до 2024 година ќе отвори 80 отсто од поглавјата за преговори со ЕУ. 

Очекува дека во април ќе победат со повеќе од 61 пратеник. 

Европската Комисија во мини извештајот за нашата земја пишува дека има значителен напредок во реформите и уште еднаш му препорачува на Советот да се отворат преговори со Македонија.

Слично

Поврзани вести