Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев тврди дека Левица е виновна што не се донесоа измените на Изборниот законик

Заев тврди дека Левица е виновна  што не се донесоа измените на Изборниот законик

Според премиерот Зоран Заев, Левица е виновнa што не се донесоа измените на Изборниот законик. 

Вели дека двајцата пратеници од оваа партија поднеле 750 амандмани на предложените измени. 

„Не знам која опозициска партија што ме обвинува, но го знам виновникот. Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Јас сум информиран, како што реков, од претседателот на Собранието. Кога е блокиран законот во демократија и во парламент и не постои решение во предвечерието на изборите тоа да се одблокира, претседателот на Собранието одлучил, веројатно во координација со пратеничките групи, дека нема да се донесат последните измени кои беа поднесени во парламент“, нагласи Заев.

За претстојните локални избори нема да има измени во Изборниот законик за воведување на изборен праг на советничките листи и независните кандидати.

Премиерот вели дека и законот за личните карти го блокирала Левица. Околу 40.000 илјади граѓани, поради истечена лична карта и неможност да ја обноват, се соочуваат со ситуација да не можат да ја подигнат пензијата, социјалната помош или да направат било каква трансакција.

Слично

Поврзани вести