Заев тврди дека Груевски пред бегството во Унгарија се состанал со овој човек
Премиерот Заев изнесе тврдења за N1 дека екс премиерот Никола Груевски пред бегството во Унгарија се состанал со српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
-Тој бил кај нив. Тоа е јавно објавено и при тоа не е објаснето за што разговарале. Тоа останло тајна. Груевски избега преку Албанија, каде го пречекала унгарска дипломатска кола, ја поминал албанско-црногорската граница. Таму го чекале други унагрски дипломати, потоа ја поминал границата со Србија и на крај стигнал во Унгарија-рекол Заев.
Тој додал и дека се ќе објави, кога заврши истрагата која се води во Македонија.
-Проблем ми е бидејќи сите се бориме за меѓународните закони и се бориме да докажеме дека сме пријатели. Нашите народи се пријатели. Мора да ги почитуваме законите. Со Унгарија сме во одлични односи, не сме дозволиле тоа да се наруши-рекол тој и додал дека Унгарија му помогнала да избега бидејќи е пријател со Орбан.
-Убеден сум дека Груевски ќе си ја отслужи казната за злоупотреба на положбата во Македонија - рекол Заев.
