Заев трет ден без изјава за медиумите по пожарот во Тетово
Премиерот Зоран Заев трет ден по несреќата во тетово, каде при експлозија во модуларната болница во Тетово изгореа 14 лица, од кои поголемиот дел ковид-пациенти, се уште нема дадено изјава за медиумите.
Заев заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и министерот за здравство Венко Филипче вечерта на 8 септемрви стигнаа кај модуларната ковид-болница во Клиничкиот центар во Тетово, и направија обиколка на болницата, на кратко разговараа и со роднините на лицата кои биле во болницата, но не се соочија со медиумите.
Утредента на социјалните мрежи по владината седница објави дека е прогласена тридневна жалост и дека ќе се обезбедат странски експерти за истраги при експлозии и пожари. Во меѓувреме министерот за здравство Венко Филипче одржа две прес-конференции, од кои на втората ја понуди својата оставка. Според процедурите, по оваа објава на министерот Филипче, премиерот Заев треба да одлучи дали ќе ја прифати понудената оставка.
Слично
