Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев треба да се појави пред јавниот обвинител за истрагата за изборите

Заев треба да се појави пред јавниот обвинител за истрагата за изборите

Основното јавно обвинителство го повика Зоран Заев лидерот на СДСМ кој утре треба да се појави на распит за истрага покрената за изборни нерегуларности и неправилно финансирање. Покрај Заев ОЈО има повикано и други функционери на СДСМ како и лица задолжени за управување со финансиите. Предметот е започнат во декември веднаш по изборите 

- Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, Основното јавно обвинителство – Скопје минатата година оформи предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи, претходно соопшти ОЈО.

Во основното јавно обвинителство е отворен предмет за изборни измами и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата на поранешни високи функционери во МВР и други луѓе од Скопје, Куманово и Струмица.

Слично

Поврзани вести