Заев: Треба да одработиме јуначки со се што знаеме
Премиерот Зоран Заев во интервју за 1 ТВ вечерва изјави дека треба да одработат јуначки со сѐ што знаат.
Тој вели дека 4% раст може да придонесе граѓаните да почувствуваат дека поубаво живеат.
За семејните бизниси, објасни дека секој си има свои задолженија. Во однос на тешки одлуки, вели дека знае да се консултира со други луѓе. Заев за себе вели дека не е просечен човек, но е храбар.
„Во Македонија се постигнаа многу решенија, се донесени многу храбри одлуки, Законот за двојазичност, договорот со Бугарија, со Грција, и верувам дека сето тоа носи бенефити за Македонија“, изјави тој.
Вели дека трпи критики најмногу поради Преспанскиот договор. Смета дека овие одлуки можеби ќе ги чинат политички кариери, но кажа дека државата не треба да се става во втор план.
