Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Треба да бидеме Македонци и Европјани

Заев: Треба да бидеме Македонци и Европјани


- Ако се затвориме во сопствениот национализам , тогаш самите себе си се лажеме дека сакаме да сме дел од европското семејство - рече македонскиот премиер Зоран Заев во разговор за најтиражниот медиум од БИХ, „Дневни Аваз“.

За критиките за Северна Македонија, дека повлекува консеквенци како губење на националниот идентитет на Македонците, промена на Уставот, валутата, дури и фолклорот, Заев вели дека дебатите и реакциите се резултат на демократскиот амбиент во Македонија во кој секој човек или партија може да ги изнесе своите мислења.

- Останувам посветен до крај, да укажам на фактите дека договорот со Грција го реши најголемиот проблем кој го кочеше нашиот развој од самата неависност (27 години). А тоа е уште еден проблем помалку на Балканот - вели Заев прашан за договорот со Грција од Преспа.

Тој го коментираше и моделот на коегзистенција меѓу различните националности во Македонија.

„Сите ние имаме некоја национална припадност. Јас сум Македонец, во Босна има Бошњаци, Срби, Хрвати. Но, треба да бидеме и Европјани. Ако веќе тежиме кон Европа, треба нешто и да дадеме. Исто така мојата Македонија има многу да и даде на Европа. БиХ има многу да и даде на Европа. Таа е ризница на историјата и културата. Исто така и мојата Македонија.

– Во неа македонската, албанската. српската. турската. ромската. влашката, бошњачката култура, е културно историско наследство на што сме горди. Ако гледаме низ призмата на убавината на различноста, тоа се темелите на Европа, и тогаш сме подготвени за бидеме дел од Европа. Ако сме заглавени во сопствените национализми, тогаш сами себе се лажеме дека сакаме да станеме дел од големото европско семејство.


Слично

Поврзани вести