Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Спикер ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ

Заев: Спикер ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Собранието кажа дека одлуката за избор за претседател на Собранието наскоро ќе се случи.

„Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ“ - изјави Заев. 

Тој  го повика преседавачот Трајко Вељаноски да не ги крши Деловникот, законите и Уставот на РМ и да дозволи продолжување на седницата и по 18 часот, да одзема право на збор согласно Деловникот доколку некој ја крши процедурата и да дозволи со пратенички потписи да се смени дневниот ред на седницата, односно со гласање да се дозволи да се премине на точката избор на претседател на Собранието.

„Пет седмици, триесет дена парламентарното мнозинство оформено овде буквално ве моли да прекинете да го кршите Деловникот, а вие се правите како паднати од Марс. Конститутивната седница секогаш траела од еден до пет часа, а не волку многу“ - додава Заев.

Тој ги потсети пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека од над 1 милион избирачи тие освоиле 400.000 гласа и дека тоа не е мнозинство.

Во Собранието се расправа со денови. Конститутивната седница трае дваесетина дена. Во повеќе наврати Вељаноски беше обвинет дека го крши Деловникот за работа. 

Слично

Поврзани вести