Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Создаваме држава со сосема извесна европска иднина

Заев: Создаваме држава со сосема извесна европска иднина

Премиерот Зоран Заев денеска на прославата по повод Денот на независноста 8-ми Септември во градскиот парк, порача дека Maкедонија се стреми кон членство во НАТО и ЕУ. 

Вели дека создаваат држава со сосема извесна европска иднина. 

Заев кажа дека донеле големи одлуки и направиле вистински избори. 

Премиерот се заблагодари на сите народи кои покажале разбирање. 

„Овие мостови кои ги градиме денес се крвотокот на нашата доверба и нашата заедничка иднина“, вели Заев. 

Тој рече дека ги решаваат проблемите и не бегаат од ништо. Вели дека Македонија е инспиратор на еден нов Балкан. 

Заев додаде дека секој треба активно да вложува во развојот на својата земја. 

Слично

Поврзани вести