Заев: Софтверот за сообраќајни прекршоци ќе биде пуштен во функција
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на пратеничкли прашања во Собранието рече дека софтверот за сообраќајни прекршоци од 80-тина илјади евра, за кој беше поврзан поранешниот генерален секретар на Владата, драги Рашковски, ќе биде пуштен во функција за потребите на МВР.
Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се обратија до Владата, службите постапија со сите информацио. Софтверот е набавен регуларно, авторските права се во сопственост на Владата и генералниот секретар има право да прави анализи за министерствата.
Софтверот е работен од ФИНКИ и е оспособен и предаден со изворен код, а создаден е за рзлични намени. Тој претставува автоматизиран систем кој го елиминира човечкиот фајктор. Целосно е функционален и ефикасен и ќе се стави во функција откако ќе се соединат базите на податоци
Во буџетот биле предвидени 8 милиони денари за оваа намена, а е купен за 5 милиони денари“, рече Заев.
Рашковски како поранешен владин секретар е на тапет на јавноста откако беше обелоденето дека набавувал софтвер за сообраќајни прекршоци, кој се уште не е употреблив за МВР, односно без да се консултира со ова министерство.
