Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Со второобвинетиот во „Рекет“ се сретнував кога застапуваше странски инвеститор

Заев: Со второобвинетиот во „Рекет“ се сретнував кога застапуваше странски инвеститор

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Антонио Милошоски рече дека тројцата новинари повикани во Јавното онбинителство не се репресирани да го откријат изборот на информации, туку да дадат евентуално релевантни докази во случајот „Леонардо“ за евентуална тендерска злоупотреба на Македонски навигации и владиниот секретар Драги Рашковски.

Милошоски го обвини Заев дека потпишал контроверзен договор со надворешниот советник Љупчо Зафировски за лобирање во Франција по што започна препукувањето од собраниската говорница на денешните пратенички прашања.

- Му се исплаќаат приходи на сметка во Србија и не познава ниту еден дипломат на францускиот претседател Емануел Макрон, се занимава со извоз на прехрамбени производи преку вашите бизниси, рече Милошоски.

На ова претходно премиерот рече дека ефектот од Зафировски ќе се види во октомври, кога се очекува Македонија да добие Датум за преговори од ЕУ.

- Ќе видиме Франција како ќе реагира во октомври. Сопругата на Влатко Ѓорчев беше ангажирана за 1.600 евра вие кога бевте министер за надворешни работи. Љупчо Зафировски е моја одлука за да биде надворешен советник за 1.200 евра. Нема потреба да оставам записници за тоа. Вашиот премиер 11 години не остави записник за тоа, а имаше советници за 5.000, 8.000 евра плата, наведе Заев додека траеше конфронтацијата.

Во дуелот со Милошоски кажа дека се сретнувал со второбвинетиот во случајот „Рекет“, Зоки Кичеец, но само официјално кога овој застапувал заинтересиран странски инвеститор во рударството во Македонија, односно како што кажам извесен Ник од Австралија.


Слично

Поврзани вести