Заев: Со влегувањето во ЕУ ќе имаме повисок животен стандард
Премиерот Зоран Заев порача на социјалните мрежи дека влезот во ЕУ ќе биде добар за Македонија.
„Со влегувањето на Република Македонија во ЕУ ќе имаме повисок животен стандард. Со влегувањето во ЕУ се приклучуваме на пазарот од 500 милиони потрошувачи. Ќе имаме зголемен извоз и економски раст“- напиша Заев на својот профил на Фејсбук.
Граѓаните на Македонија се во исчекување на референдумот, кој треба да се одржи на 30-ти септември, а Владата уверува дека македонскиот идентитет нема да биде „погазен“.
Слично
