ЗАЕВ СО ТУЖБАТА БАРА 500 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Петрушевски вели нема да ја сокрие вистината
Откако денес Зоран Заев објави дека ќе поднесе тужба за Бране Петрушевски, се огласи и Петрушевски со реакција. Вели дека вистината секогаш излегува на виделина.
„Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината.
Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон.
Јас стојам зад секој јавно изнесен збор и подготвен сум аргументите со Заев да ги соочиме пред судот и пред јавноста. Судницата не е средство за заплашување, туку место каде се утврдува вистината.
Денес никој не е над законот. Ниту поранешен премиер, ниту актуелен пратеник. Но, наместо Заев да се обидува преку тужби да ја замолчи критиката, нека одговори на суштинските прашања што кои ја интересираат јавноста.
А вистината секогаш излегува на виделина“, објави тој.
Слично
