Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ СО СРЕТНА СО БОРИСОВ: Бугарскиот премиер го охраби да продолжи со преговорите со Грција

ЗАЕВ СО СРЕТНА СО БОРИСОВ: Бугарскиот премиер го охраби да продолжи со преговорите со Грција

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов денеска во Давос ја поздрави волјата на македонскиот премиер Зоран Заев со која работи за евроатлантските интеграции и го охрабри да продолжи со преговорите со Грција за изнаоѓање на конечно решение за спорот за името, пишува „БГНЕС“.

Борисов и Заев денеска имаа средба на маргините на Светскиот економски форум.

„Дискутираме за иднината на Европа и за забрзување на развојот на Западен Балкан“-напиша Заев на својот официјален Твитер-профил.

Заев денеска имаше средба и со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„Пријателството и соработката се клучни за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Заеднички се движиме напред“- напиша Заев на „Твитер“ за средбата со Вучиќ.

Борисов во рамките на годинешната средба на Светскиот економски форум рече дека „има една неправда, која Европа мора да ја поправи – Западен Балкан“.

Слично

Поврзани вести