Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев со сопругата на прием кај Трамп

Заев со сопругата на прием кај Трамп

Премиерот Зоран Заев со сопругата присуствуваше на прием кај американскиот претседател, Доналд Трамп. 

„Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори“, пишува Заев на Фејсбук.

Премиерот деновиве оствари средби со државници од повеќе земји кои дадоа поддршка Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија. 

Слично

Поврзани вести