Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев со сочуство за убиството на Идризи, мора да има брза и ефикасна истрага

Заев со сочуство за убиството на Идризи, мора да има брза и ефикасна истрага

По шокантното убиство на градоначалникот на Боговиње Хазби Издризи, со пораки за сочуство се јави претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој испрати телеграма до семејството на застреланиот градоначалник на општина Боговиње, Хазби Идризи, како и до неговите пријатели и колеги во општината и во ДУИ.

– Никој нема право да одземе човечки живот од какви и да е причини. Очекувам истрагата брзо и ефикасно да се заврши во интерес на правдата и вистината. Во овие моменти на тага, се надевам дека ќе успеете да најдете утеха во делата на Хазби Идризи преку кои тој останува дел од вашето семејство и од работната средина на која и припаѓаше и каде придонесуваше, стои во телеграмата.


Слично

Поврзани вести