Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ СО ОДГОВОР ЗА АНТИКОРУПЦИСКА - за нив обезбедивме дополнителни 38 милиони денари колку што бараа, а Груби се откажа од непродуктивните трошоци

ЗАЕВ СО ОДГОВОР ЗА АНТИКОРУПЦИСКА - за нив обезбедивме дополнителни 38 милиони денари колку што бараа, а Груби се откажа од непродуктивните трошоци

Премиерот Зоран Заев денеска со одговор до претседателката на Државната комисија за спречување на комисијата, Билјана Ивановска, која, пак, имаше реакција за предавањето на новата зграда на министерството на Артан Груби, наместо да се обезбедат простории за оваа комисија, која е клучна за борба на државата против корупцијата.

Заев рече дека лани Владата одвоила пари за реконструкција на постојните простории на ДКСК, а за оваа година со буџетот, наместо 11 милиони денари, се предвидени плус 38 милиони денари за опрема и комјутери. Но, Владата и натаму ќе бара соодветни простории за комисијата.

Од друга страна, тој застана во одбрана на првиот владин потпретседател, Груби, за кого рече дека се откажал од сите непродуктивни трошоци, за да се купи објектот во кој сега е сместено неговото министерство, а со тоа се вратил кредитот на ЈП за станбен простор и се намалила задолженоста.

„Оваа Влада покажува комплетна насоченост и почитување на сите регулаторни тела во државата и презема конкретни мерки за нивно подобро функционирање, а пред се кон Државната комисија за спречување на корупцијата. По нејзините укажувања државата има постапувано неколку пати и секогаш сме за пример во делот на постапувањето како Влада - дали станувало збор за вработување и судир на интереси што биле воочени кај некои луѓе, дали за постапување на одредени директори за кои беше укажано и Владата ги разгледуваше и постапуваше по тие случаеви, дали за конкретни случаеви за кои се расправаше на посебни седници на Владата, токму со цел како Влада да бидеме респонзивни кон укажувањата на Комисијата, така што сето тоа е докажано и и е добро познато на јавноста“, објасни премиерот Заев алудирајќи на тоа колку Владата со која раководи ја почитува ДКСК како регулаторно тело.

Тој нагласи дека минатата година Владата дополнително од буџетот издвоила средства за реконструкција на постојниот објект на Антикорупциската комисија, што значи, како што рече, дека државата вложува пари во таа институција.

„Кога се носеше новиот буџет за оваа 2021 година претседателката на ДКСК беше вклучена на седница на Владата, и таа побара дополнителни средства од оние што беа одредени, со цел да се доопреми ДКСК, односно за опрема и модернизација. Така што, ако беа предвидени 11 милиони денари, претседателката побара дополнитени 38 милиони денари, по што секако имаше дискусија, но Владата едногласно ги одобри сите барани средства со цел тие да ја купат целата инфраструктура што им е потребна.“, нагласи премиерот.

Тој рече дека Владата останува да им служи на сите институции, без разлика дали се тие владини, независни, правосудни, општински, или вакви регулаторни тела и комисии.

„Разликата е само во тоа што првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, исто како и другите министри, направија откажување од многу други непродултивни трошоци, и за сметка на тоа му се врати кредитот на ЈП за станбен и деловен простор, за кој државата плаќаше камати. И сега со овие пари Станбеното ќе го врати кредитот, и ќе се намали задолженоста. Тоа се само два различни модели за обезбедување на просторот“, рече Заев. 

Премиерот нагласи дека Владата нема да се откаже од натамошното барање на соодветни простории за ДКСК, а тоа нема да биде проблем, бидејќи нивната нова опрема, односно комјутерите, се мобилни, и ќе можат да бидат преместени. Бидејќи, нагласи, тоа е тело што е бирано од Собранието, и мора да се најдат за него простории, без разлика колку неговите одлуки ни се допаѓале или не.

„Но, не треба да се бараат простории само а Антикорупциска, туку и за десетина други институции кои алармантно бараат решавање на просторните проблеми, како што се неколку второстепени комисии, кои секојдневно решаваат илјадници проблеми на граѓаните“, рече Заев.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести