Заев: Со новата влада на Бугарија ќе биде постигната согласност
Премиерот Зоран Заев денеска на приемот на амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ, по однос на прашањето со Бугарија премиерот Заев истакнал дека земјата ќе постигне согласност со новата влада на Бугарија.
По однос на прашањето со Бугарија премиерот Заев истакна дека Северна Македонија останува посветена на дијалогот и дека со новата влада на Бугарија ќе биде постигната согласност за надминување на актуелната ситуација и за имплементацијата на Договорот за добрососедство и пријателство, се наведува во владиното соопштение.
„Ги почитуваме сите различни европски идентитети и јазици, и подеднакво очекуваме да се почитува и нашиот македонски идентитет и македонски јазик. Тоа е европска вредност и од земјите членки на ЕУ бараме да опстанат на европските вредности“, рекол на средбата премиерот Заев.
По одржувањето на предвремените парламентарни избори нема јасен победник кој би можел да состави влада во Бугарија, но впечатокот е дека останатите партии со релевантни резултати не сакаат да коалицираат со владеачкиот ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.
