Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев со еден од предложените кадри дава простор и на бошњачката заедница

Заев со еден од предложените кадри дава простор и на бошњачката заедница

Премиерот Зоран Заев по денешната седница на Централниот совет на СДСМ најави дека од утре ќе достави предлог до Собранието со новите измени во извршната власт. 

Актуелниот заменик министер за економија Кире Наумов ќе ја предводи Банката за развој, а Кире Колемишевски ќе биде новиот заменик министер за економија. Шефот на извршната власт, Заев, меѓу другите, информираше дека Неџат Мехмедовиќ ќе биде заменик министер за политички систем.

Заев најави дека Нина Ангеловска ќе биде номинирана за нова министерка за финансии, додека Елизабета Наумовска ќе биде предложена за заменик министер за образование. 

Премиерот рече дека преку вклучувањето на Мехмедовиќ во власта се дава простор и на бошњачката заедница. 

Слично

Поврзани вести