Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев со директор на ZTE разговарале за смарт картичка за поврат на ДДВ

Заев со директор на ZTE разговарале за смарт картичка за поврат на ДДВ

Македонскиот премиер Зоран Заев за време на Самитот 16+1 во Будимпешта за соработка на земјите од централна и источна Европа со Народна Република Кина се сретна со Самитот 16+1 за соработка на земјите од централна и источна Европа со Народна Република Кина директорот на комуникацискиот бренд за Југоисточна Европа. На средбата било разговарано за новите смарт технологии што компанијата ZTE ги лансира, особено за иновативната смарт картичка која може да помогне во системот на поврат на ДДВ како проект кој го планира владата.

„Претставниците на ЗТЕ го претставија концептот на смарт картичка којашто  поседува можност, покрај даночните податоци да интегрира и други податоци, како што се податоци од здравствената евиденција, но и други трансакции и податоци важни за секој граѓанин кои што ќе бидат складирани на оваа смарт картичка. Овој концепт е применлив за спроведување на мерката поврат на 15% од ДДВ за граѓаните, мерка што Владата на Република Македонија планира да ја спроведе како пилот проект во два региони од јуни наредната година“ соопштуваат од Владата.

Според премиерот Заев со понатамошна разработка на концептот на ZTE може да се обезбеди сигурен и безбеден систем кој ќе овозможува по 15 % од ДДВ да се враќаат во семејните буџети на сите граѓани на Република Македонија.


Слично

Поврзани вести