Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев со честитки за Божик до католичките верници

Заев со честитки за Божик до католичките верници

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати честитка до Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија, и во име на Владата и во свое лично име го честита празникот Христово раѓање – Божик на верниците од католичка вероисповед:

„И оваа година се роди богомладенецот, придружуван од песната на ангелите во негова чест и во чест на овој настан: „Слава му на Бога во висината, а на земјата мир меѓу луѓето!“

Секоја година Божик повикува на нова, лична преобразба, да понудиме мир за сите и да повикаме да го преобразиме злото во добро.

Секоја година Христовото раѓање е нова надеж за подобро утре за секој човек, во секое семејство. Во секој дом и во општеството, во кое сите сме повикани да учествуваме да изградиме похуман и праведен свет, со уверување дека во мир и спокојство имаме можност за попросперитетна иднина за сите.

Христос се роди. Среќен Божик за сите, порача Заев.


Слично

Поврзани вести