Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев со Бошкоски, Трајанов, Поповска меѓу сојузниците за локалните избори

Заев со Бошкоски, Трајанов, Поповска меѓу сојузниците за локалните избори

Лидерот на СДСМ на локалните избори постигна договор за коалиција со вкупно 22 партии, а во заедничкиот фронт како главни сојузници ќе му бидат и Љубе Бошковски, Павле Трајанов и  Лилјана Поповска.

Според премиерот Зоран Заев коалицијата  е отворена и за прием на други партии, а мотив била пораката на граѓаните дека не сакаат поделби туку заедништво.

Меѓу партиите во коалицијата што ќе настапи под мотото „Живот во Македонија за сите“ се ЛДП, ЛП, Социјал-демократска унија, Нова социјал-демократска партија, Демократски сојуз на Власите, Нова алтернатива, Српска напредна странка, Достоинство, Алијанса за позитивна Македонија, ДОМ, Српска странка во Македонија и други партии на Ромите и  на пензионерите. На заедничката прес конференција можеа да се видат Љубе Бошковски, Павле Трајанов и  Лилјана Поповска.

Премиерот Заев порача дека е сменета политичката клима во земјата  дека граѓаните имаат шанса да учествуваат и  го прават тоа. „Уверен сум дека ќе има промени и на локално ниво“, изјави Заев.


Слично

Поврзани вести