ЗАЕВ СО БОРИСОВ: Бугарија и Македонија работат на укинување на царински тарифи
Македонија и Бугарија ќе работат на укинување на царински тарифи. Ова е исходот од средбата на бугарскиот премиер Бојко Борисов со премиерот Заев која се одржа во Софија.
Борисов потсети дека во фокус на бугарското претседавање на ЕУ бил Западен Балкан и оценил дека во тој период исто така односите меѓу Скопје и Софија се унапредени во голема мерка.
Тој, како што пренесоа медиумите, рекол дека сите договори помеѓу Бугарија и Македонија стануваат реалност а како пример ја издвоил изградбата на Коридорот VIII.
Заев пак рекол дека потпишувањето на договорот за пријатлство, добрососедски односи и соработка со Бугарија им дало поттик на разговорите меѓу Скопје и Атина и решавање на повеќегодишниот спор околу името на Македонија.
