Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев смета дека на комисиите им треба време за да се договорат за Гоце Делчев

Заев смета дека на комисиите им треба време за да се договорат за Гоце Делчев

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук и порача дека на комисиите од македонско-бугарскиот состав формиран во согласност со договорот за заемно пријателство со Бугарија им е потребно време за да го утврдат статусот на Гоце Делчев како историски лик.

„Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат.

Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака.

За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно“, напиша премиерот на својот профил на Фејсбук.

Ваквата реакција на шефот на македонската Влада следува откако официјални лица од бугарската страна го доведиа во прашање етничкиот идентитет на македонскиот деец и дека не се согласуваат 7 октомври да биде ден за негово заедничко чевствување бидејќи бугарскиот премиер Георги Димитров „тогаш ги предал моштите на Делчев во Македонија и направил предавство“.


Слично

Поврзани вести