Заев смета дека ако не излезете на гласање, му правите услуга на нивниот опонент
Седењето дома и неизлегувањето на гласање, премиерот Зоран Заев го смета за поддршка на нивниот опонент.
Тој ова го изјави во вестите на Сител. Заев рече дека тие не се победени од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, ниту во Скопје ниту во другите општини. Објаснува дека и ВМРО-ДПМНЕ има помалку гласови од оние кои претходно ги имале. Заев вели дека од повеќе причини луѓето останале дома.
„Еден дел од слободоумни граѓани или до крај нецелосно упатени со политиката викаат „абе добро ќе има втор круг, во вториот круг ќе излезам“, еден дел си адресираа сериозна казна, ни дадоа жолт картон комплетен заради незадоволство од одредени афектирања на политиките и сето тоа е причина зошто граѓаните останаа дома“, рече Заев.
Тој претходно кажа дека ќе го слушаат гласот на народот, затоа што како што кажа добиле „жолт“ картон“ и од нив зависи дали тој ќе биде црвен.
