Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Скопје гордо ги носи лузните на политичките и идентитетски егзибиции

Заев: Скопје гордо ги носи лузните на политичките и идентитетски егзибиции

Премиерот Зоран Заев денеска го честита празникот на Град Скопје по повод денот на  неговото ослободување - 13 Ноември.

„Денеска славиме 75 години слободно Скопје.

Градот врсник на македонската државност и паметник кој гордо ги носи сите лузни што низ претходните векови му ги направија пожарите, земјотресите, водните стихии и политичките и идентитетските егзибиции на неговото лице.

Скопје е посилно од сите потреси кои му се случија.
Скопје е инспирација. Живее во песните, расказите, романите, мемоарите и во приказните за неговите жители и за неговите маала и населби.

Навистина, Скопје ни има дарувано многу, и затоа заслужува да го врамуваме нашиот град во рамките на иднината зашто Скопје е излогот на нашата земја и заслужува да го има најсветлиот сјај“, објави Заев во својата честитка.


Слично

Поврзани вести