Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев си поднесе оставка

Заев си поднесе оставка

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вечерва на прес - конференција изјави дека си поднесува оставка. 

Тој рече дека е горд што ја внесе Македонија во НАТО. Верува дека за неколку месеци имаме шанси да почнеме преговори со ЕУ. Кажа дека имаме направено и успешен попис. 

Заев е разочаран затоа што како што тврди, фирми вложиле пари, имало пари на терен и тоа придонело за резултатот. Кажа дека имало сојуз помеѓу луѓе кои на 27 април биле во Собранието на спротивставени страни. 

„Ред е граѓаните да поддржуваат почитичари кои носат тешки одлуки“, рече Заев.

Тој додаде дека поради лошиот резултат на изборите, поднесува оставка, но не е за вонредни парламентарни избори. Заев рече дека му било чест да му служи на народот. Заев поднесе оставка од функцијата премиер и претседател на СДСМ. 

Слично

Поврзани вести