Заев: Шилегов е добра спојка меѓу коалиционите партнери
Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Скопје е добра спојка меѓу коалиционите партнери, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање во врска со поддршката на Шилегов за следните локални избори.. Во друштво на градоначалникот, но и неговата заменичка Сања Лукаревска, претседателот на СДСМ изјави дека Шилегов има висок рејтинг.
„Убеден сум дека Шилегов има изградено сериозно висок рејтинг. Убеден сум дека како и мене, нему, заменичката претседателка и другите членови на партиските органи, многу му е важно мислењето на граѓаните. Локалните избори се избори на личности. Шилегов е еден од нашите фаворити, јас тоа го кажав пред неколку месеци овде во Скопје, но истовремено е добра спојка меѓу коалиционите партнери. Во заедништовото е успехот, одговори Заев.
Дали Шилегов ќе биде заеднички кандидат за Скопје на коалцијата ќе се види дополнително. ДУИ денеска најави изнендаување кое ќе го соопшти Али Ахмети на пладне, а најверојатно е поврзано со локалните избори