Заев-Шчербак: Постојат услови да се унапреди економската соработка
Премиерот Зоран Заев, вчера попладне се сретна со Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија.
Констатирано е дека постојат услови да се унапреди економската соработка меѓу двете држави.
На средбата се разговараше за приритетите на новата Влада во Македонија како и можностите за соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација на демократска основа и во областите значајни за граѓаните за двете земји.
„Приоритет за Република Македонија е членство во Европската унија и во НАТО. За таа цел насочени сме кон брз и квалитетен реформски процес“- кажа Заев.
Заев вели дека Република Македонија е определена да ги јакне односите со државите пријатели на Македонија, во духот на демократските вредности и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Шчербак му врачи на премиерот Заев честитка од премиерот Дмитриј Медведев, за неговото именување за претседател на новата Влада на Македонија. Премиерот Заев врачи на рускиот амбасадор Шчербак честитка за 12 јуни – националниот ден на Руската Федерација.
