Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев сепак ќе разговара со Бугарија за надминување на проблемот

Заев сепак ќе разговара со Бугарија за надминување на проблемот

Македонскиот премиер, Зоран Заев сепак не се откажува од преговори со соседна Бугарија, иако вели дека не знае веќе кој проблем треба да го решаваме. 

Тој порача дека со Бугарија сме пријатели.

„Македонија останува на заложбите да ги решава прашањата со Бугарија, но и јас како премиер веќе не знам кој е проблемот“, изјави премиерот. 

Претходно, Софија излезе со став дека тие немале да ги предадат граѓаните со бугарско државјанство во Македонија. Спомнаа бројка од над 88.000.

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева објасни детално која е нивната позиција во однос на Македонија. 

Вели дека Софија инсистирала на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија. Вели дека довербата е на многу ниско ниво. 

„Тоа е позиција што ја предложи бугарската влада, а едногласно ја усвои парламентот“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во инттервју за радио „Дарик“.

Захариева рече дека никој не го оспорува правото на самоопределување и слободно изразување, а проблем не бил ниту јазикот.

Слично

Поврзани вести