Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Секој граѓанин да може да одгледува две-три стебла марихуана

Заев: Секој граѓанин да може да одгледува две-три стебла марихуана

Секој граѓанин да може да одгледува две-три стебла марихуана за лична употреба, се залага премиерот Зоран Заев. 

Вели дека декриминализација на марихуаната ни треба час поскоро за тие 0,5 грама секој што ги користи да не одговара. 

„Ние немаме море, пристаништа или извори на нафта за да ја развиваме економијата, а легализацијата на марихуаната е можност за развој на туристичките места и услужните дејност“, вели Заев.

Премиерот очекува широка дебата во Собранието и за целосна легализација на марихуаната со цел развој на туризмот и услужните дејности. Тоа вели може да биде во кафетерии каде е дозволена конзумација по примерот на Амстердам, но вели државата треба да се стреми и за целосна легализација, преку која и граѓаните ќе можат да одгледуваат одредена количина марихуана под контрола или да ја дадат на компанија да ја одгледува за нив.

Слично

Поврзани вести